Corner Kumtesa

Промоција на видео кампањата ,,Дали знаеш?'' 23 Prill 2019

Со денешната промоција во Јавна соба, Хелсиншкиот комитет за човекови права ја започна видео кампањата “Дали знаеш?“ . Кампањата се состои од осум информативни и едукативни видеа кои се наменети за подигнување на свеста за Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (ЦЕДАВ) и презентираат податоци за родовата нееднаквост во земјата во различни области: семејно насилство, пазарот на труд, образование, политика итн. Кампањата е дел од активностите на проектот „Жените имаат права“ како дел од програмата на UN Women „Имплементирање норми, промена на ставови“, а e финансирана од ЕУ.

Настанот го отвори Татјана Стоименовска, проектна координаторка, која нагласи дека ,,дискриминацијата врз жената е кршење на едни од основните човекови права, а тоа се начелaта на рамноправност и достоинство“. Таа ја истакна важноста на Конвенцијата и нејзините одредби и стандарди и направи споредба со нивната имплементација во нашата земја.

Весна Ивановиќ – Кастаред, раководителка на програмската канцеларија на UN Women во Скопје во своето обраќање посочи дека: “Презентирањето на овие видеа праќа силна порака до целата јавност. Темите во видеата се осврнуваат на проблеми од секојдневната реалност на жените во земјава. Според заклучоците од “Националното истражување за ниското учество на жените на пазарот на трудот“ кое програмската канцеларија на UN Women го направи во 2017, се наведува дека родовите стереотипи и перцепции се главните причини за ниското учество на жените на пазарот на трудот, што пак води кон дискриминација. Затоа, сите заедно треба да работиме на кршење на родовите стереотипи со што ќе се намали и дискриминацијата“.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска, посочи дека најголем проблем во државата се недостатокот на сервиси за жртвите на семејно и родово – базирано насилство, бидејќи најчесто жените и децата се принудени да го напуштат домот наместо насилникот. ,, Жените можат се, некогаш и многу повеќе од мажите’’- нагласи Пировска, иако за да дојдат до одредена позиција тие треба да имаат многу повисоко образование од мажите, а тоа се рефлектира и во ниското учество на жените во политичкиот живот.

Видеата ќе бидат достапни на You Tube каналот и на Facebook страната на Хелсиншкиот комитет, а може да се преземат директно на следниот линк https://we.tl/t-RQabP1k8Dc .

Twitter Facebook
Normal_banner-free-sq Normal___________alb Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-sq Normal_screenshot_2017-10-24_13.29.57