Corner Соопштенија

Пријава против поглаварот на ИВЗ за ширење говор на омраза 09 Април 2019

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за ширење говор на омраза од страна на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи. За време на церемонијата на поставување камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија, реисот Реџепи се обрати до присутните верници со зборови кои предизвикуваат омраза, раздор, нетрпеливост и исмејување на македонскиот народ - исполнувајќи ги битијата опишани во член 319 и 179 од Кривичниот Законик. 

'' Можете да видите со каква дива животиња народ живееме, затоа немаат идентитет и нема никогаш да имаат. Без разлика што ние сме сакале да им помогнеме.. Не се помага на безчусвителниот, не се освестуваат. Местото Лажец, кој го знае кој не, е село мултиетничко има муслимани, православни христијани, има Mакедонци не знам тие како себеси си се нарекуваат...има Aлбанци. Има две цркви,бројот на народите е ист, има две цркви а ниту една џамија. Сто подземни далавери прават и сеуште не се освестени. Дај боже мене господ душата да не ми ја земе додека не поставам камен темелник на џамијата ''- - изјави Реџепи.

Користењето говор на омраза од страна на вршител на висока верска функција и човек со големо влијание во јавноста е особено опасно и недозволиво. Во една мултиетничка и мултиконфесионална држава, верските лидери треба да се свесни за својата улога и да дејствуваат во духот на толеранцијата и соживотот, а не да иницираат и разгоруваат нетрпеливост и омраза.

Од тие причини, побаравме од МВР веднаш да постапи по оваа пријава и да ги преземе сите мерки согласно законските прописи.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo