Corner Соопштенија

Продолжување на повикот за изработка на пет видеа за проектот ,,Живот зад решетки'' 27 Февруари 2019

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во рамките на проектот „Живот зад решетки!" поддржан од страна на Амбасадата на САД во Македонија, објавува повик за изработка на пет (5) видеа.Видеата ќе бидат објавени на YouTube каналот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, на веб-страната на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Фејсбук и на Твитер. Видеата ќе бидат во форма на кратки клипови кои ќе содржат лични сведоштва од осудени лица кои издржуваат казна затвор.


Општи информации

Сценариото за секое видео ќе биде подготвено во соработка со Хелсиншкиот комитет.

На овој повик може да аплицираат правни лица и тимови од физички лица.


Работни задачи

Изработката на видеата вклучува:

1. Подготвување на сценарио (во соработка со тимот на Хелсиншки комитет)

2. Снимање на видеото

3. Монтирање и продукција

4. Презентација на видеото пред тимот на Хелсиншкиот комитет

За остварување на активноста, избраниот кандидат ќе биде во постојана и редовна комуникација со тимот на Хелсиншкиот комитет.


Критериуми

Кандидатите за овој повик треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

1. Да имаат претходно искуство во изработка на видео записи.

2. Како предност ќе се смета искуство во работа на теми поврзани со човекови права

3. Вклученост на сценарист/ка/новинар/ка во тимот


Времетраење на договорот- спроведување на активноста

Рокот за аплицирање на овој повик е 08.03.2019 година.Со избраниот(те) кандидат(и), Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за спроведување на активноста, кој ќе трае од денот на потпишување, заклучно со 01.07.2019 година. Во оваа временска рамка ќе бидат изработени 5 видеа.


Како да аплицирате

За да се пријавите на повикот, испратете ваше CV (кратка биографија), портфолио на изработени проекти и предлог сценарио за изработка на видеата во ваш формат, на следната е-маил адреса: Sibel.Amet@mhc.org.mk

Вкупниот надомест за целокупниот ангажман за изработка на видеата е 1.800 американски доларибруто износ без ДДВ, во денарска противвредност согласно курсот од определен со договорот со донаторот.

За дополнителни прашања може да се обратите во канцеларијата на Хелсиншки комитет, на 02 3119 073 или на горенаведената е-мејл адреса.

_____________________________________________________________________________________

Проектот „Живот зад решетки!" на Хелсиншкиот комитет за човекови права еподдржан од Амбасадата на Соединетите американски држави во Република Македонија. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/ авторот(ите) и не ги одразуваат оние на Владата на САД. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo