Corner Соопштенија

Скопскиот ресторан упати јавно извинување поради дискриминација 19 Февруари 2019

Врз основа на препораката од Комисијата за заштита од дискриминација, ресторанот Портофино Остериа и Бар од Скопје упати јавно извинување кон жената на која и беше ограничен пристап до овој ресторан поради тоа што носела хиџаб.

Во јануари годинава, Kомисијата за заштита од дискриминација, постапувајќи по претставка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, утврди дискриминација врз основа на религија и верско уверување во овој случај. КЗД побара од ресторанот да ја отстрани повредата на правото на странката и понатаму да не врши дејствија на дискриминација.

Во известувањето кое ресторанот го достави до Комисијата е наведено дека сопствениците и вработениот персонал посебно ќе внимаваат и ќе негуваат недискриминаторски однос кон гостите по кој било основ и уверуваат дека во иднина нема да се стори повреда согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Хелсиншкиот комитет за човекови права го поздравува чинот на извинување на субјектот кој извршил дискриминација, односно почитувањето на препораките на КЗД. Во оваа прилика апелираме до сите физички и правни лица, кои даваат јавни услуги и добра, да не го ограничуваат пристапот на граѓаните по ниту еден основ.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo