Corner Соопштенија

Повик за ангажман на експерт/ка за подготовка на методологија за анализа на говор на омраза во избрани локални средини 18 Февруари 2019

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права во декември 2018 година отпочна со спроведување на проектот „Следење на говор на омраза на локално ниво”, финансиран од страна на Фондацијата отворено општество - Македонија.

Главната цел на овој проект е обезбедување на систем за следење на говорот на омраза на локално нивно во избраните општини. Веќе воспоставената методологија на МХК за мониториинг на говорот на омраза, ќе биде збогатена со нов систем на следење на динамиките и субјектите на локално ниво, со посебен осврт и на спортските навивачки групи, настаните од јавен карактер во тие општини, испишувањето на графити (со таква содржина), културно-уметничките настани и слично. За таа цел ќе се подготви сеопфатна методологија преку која ќе се дефинираат моментите кога говорот на омраза се интензивира, ќе се идентификуваат субјектите кои ги дефинираат наративите и пристапите, ќе се анализираат наодите на квартално ниво, ќе се предложи механизам за алармирање за критични состојби и ќе се обезбедат консултативни процеси за да се дефинираат препораки за надминување на негативните состојби.

Проектот се спроведува во рамки на Концептот на ФООМ „Граѓанско учество за општествена кохезија“ кој се однесува на следење на говорот на омраза во три идентификувани локални заедници во Македонија (Битола, Штип и Тетово). Наодите со следењето ќе бидат претставени во квартални мониторинг извештаи, ад –хок предупредувања (по потреба) и финална анализа. Податоците ќе бидат споделени на јавни форуми на кои се очекува свој придонес да дадат и соодветните инситутции од локално и национално ниво, политичките партии, граѓанските организации, заинтересирани поединци, активисти и медиумите. Проектниот тим во Хелсиншки преку тие податоци и употреба на дискурс анализа ќе го даде контекстот, а преку воведување на анализа на стратешки предвид (strategic foresight) ќе може да воспостави и систем за предупредување.

II. ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ

За потребите на проектот, предметот на ангажманот се состои од:

  • -Подготовка на Методологија за следење и собирање на податоци поврзани со говорот на омраза и тоа следење и анализа на активностите на спортските навивачки групи, младинските движења и асоцијации, настаните од јавен карактер во општините, испишувањето графити, културно-уметничките настани и слично заклучно со март 2019 година.
  • -Подготовка на курикулум за обука и испорака на еднодневен тренинг за мониторите на локално ниво врз основа на изработената Методологија, испорака на обуката во текот на март.
  • -Проверка на месечните извештаи за следење на говор на омраза на локално ниво (за времетраење на проектот)
  • -Учество на јавните форуми со цел обезбедување отворена дискусија за главните наоди од мониторингот за индикациите за постојни трендови во општественото однесување во заедниците кои се предмет на мониторинг (вкупно три еднодневни форуми)
  • -Подготовка на финална Анализа и препораки за јавни политики и презентирање на Анализата на завршен настан на проектот (октомври, 2019 година).

Заинтересираните лица треба да испратат понуда за потребен број на експертски денови и цена, кои се опишани во предметот на ангажман.

III. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните за овој повик потребно е да достават биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо за учество во проектот. Со оглед на материјата која е цел на анализа во рамки на овој проект, условите за пријавување се следниве:

* Завршени докторски студии во областа на правото, социологијата, антропологијата, психологијата, политичкитете науки и/или новинарството;

* Одлични аналитички и истражувачки вештини;

* Листа на објавени научни трудови поврзани со темата која е предмет на овој договор;

* Предлог-коцепт за изработка на методологија (најмногу 500 зборови).

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и копија до aleksandar.jovanoski@mhc.org.mk со назнака „методологија за анализа на говор на омраза“ најдоцна до 22 февруари (петок) 2019 година до 17:00 часот. За сите дополнителни прашања можете да се обратите во канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права или на (2) 311 9073. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo