Corner Press release

Реакција по повод изјавата на вицепремиерот Бујар Османи за Законот за недискриминација: Зошто ДУИ ги кочи евроинтеграциите? 24 January 2019

Изјавата на вицепремиерот Османи дадена на 22 јануари во ,,Топ Тема на ваша страна" и официјално ги потврди нашите сомнежи и стравувања дека блокадата на усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација во Собранието е токму поради негрижата за унапредувањето на човековите права на сите граѓани, меѓу кои и ЛГБТИ луѓето. Со изјавата се потврди перцепцијата дека и покрај смената на власта во јуни 2017 год, не се променија политиките нити ставовите на институциите кон ЛГБТИ луѓето.

Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој уште од мај 2018 година е во процедура во Собранието, сѐ уште нема поминато на Комисијата за труд и социјална политика, како матична комисија за овој закон. Усвојувањето на законот во Комисијата за труд и социјална политика упорно се одложува од страна на претседавачот, претседателот Влатко Ѓорчев, додека други закони, подготвени подоцна поминуваат на комисијата. Пратениците од опозицијата, но и пратениците на ДУИ во комисијата гласаа против предлогот законот да биде прва точка на дневен ред.

Додека го блокираат донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, пратениците немаа проблем за гласаат ЗА донесување на измените на Кривичниот закон со кој се овозможи изречна заштита од дела од омраза со експлицитно споменување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ предложија и амандман во Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги за да се внесе сексуалната ориентација и родовиот идентитет во основите за заштита од говор на омраза во медиумите, а ДУИ го поддржаа истиот. Затоа сметаме дека се небулозни тврдењата дека електоратот не е спремен да прифати сексуална ориентација и родов идентитет во законот, а останува нејасно зошто на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ им сметаат овие основи во еден закон, но не и во други закони.

Законот за спречување и заштита од дискриминација не е закон за ЛГБТИ заедницата, туку сеопфатно законско решение кое цели да изгради ефикасен систем за спречување и заштита од дискриминација за сите граѓани, вклучително ефикасна заштита од дискриминација врз основа на етникум за граѓаните-албанци.

Особено сме загрижени што ваквата изјава доаѓа од вицепремиерот Османи, во чиј мандат е евроинтеграцијата, наместо како промотор на демократизација, владеење на право и заштита на темелните човекови права, за жал, станува промотор на негативните стереотипи и предрасуди кон ЛГБТИ луѓето.Македонија има обврска да внесе сексуална ориентација и родов идентитет во законот, а истото е нотирано во секој извештај на Европската Комисија за Македонија. Со ова, само може да констатираме дека она што е единствено спорно, е заложбата на ДУИ да ја европеизира Македонија.

Изјава на вице-премиерот Бујар Османи:

„Имa одредени разлики помеѓу политичките партии по однос на одредени категории кои што треба да бидат вклучени во законот, се разговара со политичките партии бидејќи се уште постојат веројатно предрасуди и кај политичките партии или пак тие мислат дека им постојат предрасуди кај електоратот што го претставуваат, па дали тоа може да се рефлектира врз нив, меѓутоа сметам дека со дијалог ќе успееме да ги вклучиме сите категории бидејќи тоа се вредностите кои што Европската Унија ...” на прашањето кои граѓани спаѓаат во тие категории одговорот е „Па зборувам и за ЛГБТИ заедница, но зборувам и за други спорни категории на кои не можам да се сетам во моментот”

Драгана Дрндаревска

Dragana.coalition@gmail.com

078200675

Јована Јовановска Кануркова

jovana.jovanovska@mhc.org.mk

071888167

Twitter Facebook
Normal_banner-free-en Normal___________ang Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-en Normal_banner-program-en