Corner Соопштенија

Извештајот на Хелсиншкиот комитет вграден во заклучоците на Kомитетот на ОН за елиминација на дискриминацијата врз жените 15 Ноември 2018

Kомитетот на Обединетите нации за елиминација на дискриминацијата врз жените ги објави заклучоците од шестиот извештај за Република Македонија. Хелсиншкиот комитет за човекови права беше една од организациите кои рапортираа пред Комитетот на ОН во однос на состојбата со правата на жените во Македонија и спроведувањето на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација.

Со задоволство констатираме дека голем дел од заклучните согледувања на Комитетот на ОН произлегуваат од извештајот на нашата организација. Почнувајќи од потребата за подобрување на постоечкиот систем за собирање информации и креирање релевантни статистики за семејно насилство, се до препорака за подобрување на сервисите за превенција и заштита од сите форми на родово основано насилство со отворање на доволен број шелтер центри. Хелсишнкиот комитет исто така препорача олеснување на правните процедури за жртвите на насилство и усвојување на закон за родово базирано насилство за да се подобри заштитата и да се надминат сегашните законски недоречености. Исто така, вметната е потребата засензибилизирање на полицајците заради промена на нивното постапување во случаи на семејно и сите форми на родово базирано насилство

Нашите препораки во делот на пристап до образование за руралните жени станаа исто така дел од заклучоцитe на Kомитетот за елиминација на дискриминацијата врз жените, исто како и потребата за подобро евидентирање на малолетничките бракови и градење превентивни механизми за малолетничките да не се исклучуваат од образовниот процес.

Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го мониторира процесот на имплементирање на препораките од страна на Република Македонија и во таа насока очекуваме државата да покаже политичка волја за нивно што поитно спроведување.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo