Corner Press release

Реакција за вчерашниот инцидент во Тетово 05 November 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од страна на припадници на навивачката група ,,Балисти’’. На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември 2018 година, се слушаат песни и извици каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости.

Хелсиншкиот комитет со посебно внимание ќе го следи разрешувањето на овој инцидент и ќе бара најстроги казни зa дела од омраза и говор на омраза, чија цел е предизвикување меѓуетнички тензии и насилство.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-en Normal___________ang Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-en Normal_banner-program-en