Corner Соопштенија

Тркалезна маса за тековните трендови на миграција и барателите на азил во Република Македонија 26 Октомври 2018

Tимот на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, денеска организираше тркалезна маса во Гевгелија на тема Тековните трендови на миграција и баратели на азил во Република Македонија“ во рамки на проектот „Помош на рутата - обезбедување поголема заштита на правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил во Република Македонија и Србија“ финансиран од инструментот за заштита на човековите права (ЕИДХР) на Европската Унија.

Дискусијата на овој настан се фокусираше на научените лекции со справувањето со бегалската криза и миграциските текови во Република Македонија во 2017 и 2018 година, како и тековните светски трендови. Во момент кога земјата се подготвува за отпочнување на преговорите во рамки на Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност и со трендот на зголемување на миграциските текови, говорниците дискутираа за подготвеноста на надлежните институции стратешки да му пристапат на ова прашање на локално и државно ниво. Посебен акцент се стави на понатамошно зајакнување на капацитетите на локалните власти, граничната полиција, Центарот за управување со кризи и локалните граѓански организации за успешно менаџирање со сите наредни предизвици со кои земјата треба да се соочи. Останува потребата од дополнително зајакнување на соработката помеѓу сите заинтересирани страни на локално и централно ниво и граѓанските организации во Република Македонија, но и нејзино проширување со организации од грчка страна. Со цел да се обезбеди стратешки и сеопфатен пристап, говорниците препорачаа дека постои потреба од јакнење на човечките и техничките капацитети на сите служби на локално ниво и обезбедување на сретства од страна на државниот буџет за реализација на сите тековни акциски планови за обезбедување на интегриран и хуман третман со мигрантите кои транзитираат низ територијата на Република Македонија, согласно сите ЕУ и меѓународни стандарди за заштита на човековите права.

На тркалезната маса покрај грантистите на овој проект (Граѓански развој – Куманово, Црвен крст – Македонија, Отворена порта, Легис и РЦОР – Гевгелија) свое учество и придонес имаа градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, Миле Ангелков – Полициска станица Гевгелија, Мирјана Костадинова од Локалната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Зоран Лазаровски од Центарот за управување со кризи – Гевгелија.

Дијалогот на оваа тема ќе продолжи во текот на ноември, и ќе се заокружи со завршниот настан  во Скопје на 27 ноември 2018 година.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo