Corner Соопштенија

Реакција поради повторно исклучување на јавноста од рочиштето за „27ми април“ на 17.10.2018 година 17 Октомври 2018

Судечкиот совет којшто суди во предметот „27ми април“ кој се води пред Основниот суд Скопје 1 Скопје и на денешното рочиште на кое треба да се испитува заштитениот сведок повторно ја исклучи јавноста од следење на постапката, повикувајќи се на членот 354 од Законот за кривичната постапка (ЗКП). Дозволено беше присуство само на претставник од Мисијата на ОБСЕ, согласно член 355, став 2 од ЗКП.

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија поднесе барање до Претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје и до Претседателот на судечкиот совет за овој предмет – Судијата Добрила Кацарска, со цел да нѝ се овозможи на рочиштата на кои ќе се испитува заштитениот сведок да присуствуваме како набљудувачи. Хелсиншкиот комитет побара вклучување на јавноста за следење на рочиштата со што ќе се гарантира почитување на правото на фер судење и начелото на јавност утврдено со членот 353 од ЗКП.

Имајќи ја предвид чувствителноста и заинтересираноста на јавноста за овој предмет, од голема важност е таа постојано да биде вклучена и соодветно информирана за текот на постапката.

Во однос на вчерашното и денешното исклучување на јавноста, очекуваме Судот да даде јавно соопштение во кое правно аргументирано ќе образложи од кои причини го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и зошто сметал дека присуството на јавноста ја загрозува безбедноста на заштитениот сведок. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo