Corner Соопштенија

Повик за ангажман на медиумски монитори 17 Октомври 2018

I. Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во октомври, 2018 година, отпочна со спроведување на проектот “Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза” финансиран од страна на National Endowment for Democracy (NED). Проектот ќе се фокусира на подобрување на знаењето од страна на полициските службеници во препознавање, спречување и справување со говорот на омраза. Исто така, ќе се работи на зајакнување на капацитетите на јавните обвинители за процесирање на предметите поврзани со говорот на омраза за обезбедување на ефективни превентивни механизми за жртвите од овој феномен. Главната цел на проектот е да придонесе кон воспоставување на ефективни механизми на заштита на правата на граѓаните во контекст на слободата на изразување. Една од специфичните цели е унапредување на јавното знаење и разбирање на говорот на омраза.

II. Предмет на ангажманот

Во рамки на проектот ќе се спроведе активност за регистрација на предмети поврзани со говор на омраза на веб платформата www.govornaomraza.mk за периодот ноември, 2018 година до октомври, 2019 година. Оваа веб платформа претставува интерактивна алатка за пријавување на случаи поврзани со говор на омраза од страна на граѓаните (жртва или сведок) и генерирање на статистички податоци на регистрирани пријави врз основ на три параметри: географска локација, правен основ и временска рамка.

Со цел зајакнување на мониторингот врз говорот на омраза, Хелсиншкиот комитет за човекови права има потреба од ангажман на три (3) медиумски монитори кои ќе вршат следење и регистрирање на говорот на омраза во медиумскиот простор, вклучително електронски медиуми, интернет изданија на весници и портали, социјални медиуми и ќе имаат за цел да вршат упис на утврден говор на омраза на неделно ниво и да го доставуваат до проектниот тим за понатамошна анализа. Времетраењето на ангажманот е 11 месеци. Медиумските монитори ќе бидат компензирани согласно Законот за волонтерство, односно $85 (месечно) во денарска противвредност. По извршениот избор, Хелсиншкиот комитет ќе спроведе обука на избраните монитори со јасни насоки за нивниот ангажман и работни обврски. Овој ангажман нуди флексибилност со тоа што избраните лица не се обврзани на работно време и престој во Хелсиншкиот комитет.

III. Потребни квалификации и начин на пријавување

Со оглед на материјата која е цел на анализа во рамки на овој проект, условите за пријавување се следниве:

* Додипломски студии во областа на правото, политичките науки и/или новинарството. Упишани постдипломски студии ќе се смета за предност,

* Одговорност и навремено доставување на неделните извештаи,

* Посветеност за извршување на мониторинг активностите за времетраење на целиот проект (11 месеци),

Заинтересираните за учество на обуката потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо во кое што ќе ги објаснат своите квалификации и моти. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и копија до sanja.barlakovska@mhc.org.mk со назнака „медиумски мониторинг“ најдоцна до 25 октомври (четврток) 2018 година до 17:00 часот.

Од пријавените кандидати, ќе се изберат 6 потенцијални монитори кои ќе бидат повикани на кратко интервју на 26 октомври (петок) по што проектниот тим ќе донесе конечна одлука. Ангажманот на медиумските монитори официјално ќе започне по спроведување на обуката од страна на Хелсиншкиот комитет.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo