Corner Соопштенија

Повик за две обуки за новинари 16 Октомври 2018

Хелсиншкиот Комитет во рамките на проектот: „Унапредување на известувањето за стандардите на владеење на правото во Србија, Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина“ поддржан од YUCOM и ABA Rule of Law Initiative, ќе спроведе две обуки за новинари:

Првата обука ќе биде на тема:Градење на капацитетите на новинарите за адекватно известување за судски случаи согласно стандардите на владеење на правото„.

Оваа обука е наменета за репортери и новинари кои известуваат од судски рочишта или случаи кои се опфатени со кривичната правда како и за новинари кои работат истражувачко новинарство, со цел стекнување на знаења и зајакнување на капацитетите за адекватно известување за судските случаи, случаите под истрага и случаите каде постои сомнеж за сторени кривични дела, без притоа да се повредат правата на осомничените и обвинетите, заштитените сведоци или доверливоста на доказите, односно известување согласно стандардите на владеење на правото.

Втората обука ќе биде на тема:Правна и етичка одговорност на новинарите при известување согласно стандардите на владеење на правото„.

Оваа обука исто така е наменета за репортери и новинари кои известуваат од судски рочишта или случаи кои се опфатени со кривичната правда како и за новинари кои работат истражувачко новинарство, со цел стекнување на знаењана новинарите за правната и етичката одговорност согласно важечките закони и меѓународни конвенции (клевета и навреда, слобода на говор, говор на омраза, право на приватност), Етичкиот Кодекс на новинари и согласно стандардите на владеење на правото.

Обуките ќе се одржат на 24.10.2018 година (првата обука) и 25.10.2018 година (втората обука) во Јавна Собаво Скопје (Public Room).

Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават на следните маилови: helkom@mhc.org.mk или Hajdi.Sterjova@mhc.org.mk

*Напомена: на секоја од обуките може да се пријават дваесет учесници, а еден ист учесник може да се пријави за секоја од обуките посебно или за двете обуки заедно. Ве молиме при пријавувањето да потенцирате дали се пријавувате за една или за двете обуки заедно, како би можеле да водиме сметка за бројот на пријавени учесници. Изборот ќе се врши според прв пријавен прв запишан во листата на учесници. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo