Одржана обука за ефективна комуникација на адвокатите со јавноста и медиумите 09 Tetor 2018
Хелсиншкиот
Комитет во рамките на проектот: „Унапредување на известувањето за стандардите
на владеење на правото во Србија, Македонија, Албанија, Косово и Босна и
Херцеговина“ поддржан од YUCOM и ABA Rule of Law Initiative, на 3 октомври 2018 година во Hotel City Park во Скопје, спроведе еднодневна
обука на тема: “Градење на капацитетите на АКРМ и адвокатите за ефективна
комуникација со јавноста и медиумитe’’
Оваа обука која што ја спроведе експертката комуниколог д-р Марина Тунева, беше наменета за лица кои работат на односи со јавностa и медиумите во рамките на Адвокатската Комора на Република Македонија (АКРМ) и адвокати, со цел да стекнат вештини и да ги зајакнат капацитетите за поефективна комуникација со медиуми, составување на соопштенија за јавност и медиуми, одржување на поефективни прес конференции и давање на квалитетни интервјуа за пишани, електронски и ТВ медиуми.