Corner Соопштенија

​Одржана обука за ефективна комуникација на адвокатите со јавноста и медиумите 09 Октомври 2018

Хелсиншкиот Комитет во рамките на проектот: „Унапредување на известувањето за стандардите на владеење на правото во Србија, Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина“ поддржан од YUCOM и ABA Rule of Law Initiative, на 3 октомври 2018 година во Hotel City Park во Скопје, спроведе еднодневна обука на тема: “Градење на капацитетите на АКРМ и адвокатите за ефективна комуникација со јавноста и медиумитe’’

Оваа обука која што ја спроведе експертката комуниколог д-р Марина Тунева, беше наменета за лица кои работат на односи со јавностa и медиумите во рамките на Адвокатската Комора на Република Македонија (АКРМ) и адвокати, со цел да стекнат вештини и да ги зајакнат капацитетите за поефективна комуникација со медиуми, составување на соопштенија за јавност и медиуми, одржување на поефективни прес конференции и давање на квалитетни интервјуа за пишани, електронски и ТВ медиуми.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo