Corner Press release

Повик за еднодневна обука: ,,Градење на капацитетите на АКРМ и адвокатите за ефективна комуникација со јавноста и медиумите'' 27 September 2018

Хелсиншкиот Комитет во рамките на проектот:„Унапредување на известувањето за стандардите на владеење на правото во Србија, Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина“поддржан од YUCOM и ABA Rule of Law Initiative, ќе спроведееднодневна обукана тема: “Градење на капацитетите на АКРМ и адвокатите за ефективна комуникација со јавноста и медиумите„.

Оваа обука е наменета за лица кои работат на ПР и медиуми во рамките на Адвокатската Комора на Република Македонија (АКРМ) и адвокати со цел стекнување на вештини и зајакнување на капацитетите за поефективна комуникација со медиуми, составување на соопштенија за јавност и медиуми,одржување на поефективни прес конференции, давање на квалитетни интервјуа за пишани, електронски и ТВ медиуми.

Обуката ќе се одржи на03.10.2018 година (среда)воHotel City Parkво Скопје (наспроти „Фонтана„ во Градски Парк).

Ги повикуваме сите заинтересирани лица кои работат на ПР и медиуми во рамките на Адвокатската Комора на Република Македонија (АКРМ) и заинтересирани адвокати/ки да се пријават на следните маилови:helkom@mhc.org.mkили Hajdi.Sterjova@mhc.org.mk .

*Напомена: бројот на учесници е ограничен на дваесет учесници, па изборот ќе се врши според прв пријавен прв запишан во листата на учесници. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-en Normal___________ang Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-en Normal_banner-program-en