Corner Соопштенија

Барање за доставување понуди за изработка и дизајн на веб страница 21 Август 2018

Општи информации

Во рамки на проектот „General monitoring of the protection of women’s rights“ што го спроведува Хелсиншки Комитет на човекови права на Република Македонија со поддршка од Фондацијата Kvinna til Kvinna, предвидени се средства за:

  • - Изработка и дизајн на веб-страница
  • - Обезбедување на домен и хостинг на веб-страницата во период од една година по започнување со работа на веб-страницата:

Веб-страницата е предвидена како феминистички веб-портал на македонски јазик со разновидни содржини, кои ќе служат како архива на знаења и информации во однос на феминистичкиот дискурс во Македонија. Веб-страницата е заеднички проект на неформалната група ЛезФем, ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје и Хелсиншки Комитет на човекови права на Република Македонија.

Веб-страницата ќе користи посебен назив на домен, а со цел нејзино непречено функционирање, потребно е обезбедување на хостинг за една година и https безбедносен сертификат. Името на домен, хостингот за една година и безбедносниот сертификат се интегрален дел од предметот на набавката.

Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди најдоцна до 30.08.2018 година до 17.00 часот по електронски пат на helkom@mhc.org.mk.

Инструкции за понудувачите

Договорен орган е Хелсиншки Комитет на човекови права на Република Македонија. Лице за контакт кај договорниот орган е Калиа Димитрова, електронска адреса kalia.dimitrova@gmail.com

Предмет на договорот за набавка е изработка и дизајн на информативна веб-страница, како и за обезбедување на домен и хостинг на веб-страницата во период од една година. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација. Плаќањето ќе се изврши по предавањето на готовиот продукт.

Техничка или професионална способност

Кандидатите на овој повик може да се пријавуваат како индивидуалци или како тим.

За пријавување кандидатите треба да достават професионална биографија со вклучени претходни проекти (портфолио) од која може да се види претходното искуство во креирање на веб страни, портали, платформи, како и работа на веб-страници на невладини организации.

Буџет

За изработка на проектот Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе му надомести на изработувачот бруто износ од 650 евра во денарска противвредност, сметано по курсот во месецот на исплата на средствата од страна на донаторот.

Временска рамка на активности:

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Избор на кандидатите

31 август 2018
Предлог-дизајн и функционалност

на веб-страницата

01 септември – 10 септември
Изработка и дизајн на веб-страницата 10 септември - 01 октомври
Целосна функционалност на веб-страницата со обезбеден домен, хостинг и безбедносен сертификат 1 октомври – 10 октомври

Документите за пријавување ве молиме да ги доставите на е-маил адресата helkom@mhc.org.mк со назнака “За изработка на Веб-страница”, најдоцна до 30.08.2018 година. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса, како и телефонскиот број 02/3119-073.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo