Corner Соопштенија

Оглас за ангажирање проектен(а) координатор(ка) 20 Август 2018

Шифра на огласот: PS-08/2018

Работно место: Проектен(а) координатор(ка)

Краен рок: најдоцна до 27-ми август 2018 год., 23:59 часот

Адреса за поднесување документација: helkom@mhc.org.mk

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија е здружение формирано во 1994 година, чија мисија е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РМ и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.

Хелсиншкиот комите за човекови права, за потребите на спроведување на своите активности, објавува:

ОГЛАС ЗА ПРОЕКТЕН(А) КОРДИНАТОР(КА)

Опис и работни задачи:

  • Учествува во подготовката на апликации за предлог на проекти;
  • Го надгледува текот на имплементацијата на активностите на проектите во кои е ангажиран/а;
  • Ги следи сите фактори кои може да влијаат во имплементацијата на проектот како промена на позитивното законодавство, промена на политиките на определени институции и слично;
  • Ја организира и ја надгледува работата на проектниот асистент/ка и останатите лица ангажирани во имплементацијата на проектот;
  • Дава иницијативи и мапира нови донатори за проекти поврзани со почитување и промоција на принципот на еднаков третман и заштита од дискриминација, родова еднаквост, социјална правда и кохезија, малцински групи
  • Ги подготвува дописите и соопштенијата до јавноста и презема активности поврзани со медиуми и социјални мрежи а, во врска со проектните активности;
  • Одржува комуникација со донаторот и му стои на располагање за било какви информации во врска со имплементација на проектите;
  • Ги изготвува извештаите до донаторот на проектите
  • Дава насоки за организирање настани, конференции и прес-конференции
  • Учествува во застапување и комуницира со институции
  • Учествува во подготовка на месечни и годишни извештаи, анализи и други публикации.
  • Потребни квалификации:
  • Завршено четиригодишно високо образование во областа на општествените науки (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 300 кредити согласно ЕКТС;
  • Најмалку три години работно искуство во водењето проекти во областа на човековите права и слободи, по можност во делот на почитување и промоција на принципот на еднаков третман и заштита од дискриминација, родова еднаквост, социјална правда и кохезија, малцински групи
  • Искуство во стратешка литигација во случаи на прекршување на човековите права
  • Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
  • Компјутерски вештини;
  • Напредни организациски и комуникациски вештини.
  • Како предност ќе се смета:
  • Искуство во пишување на извештаи во сенка до комитетите при Обединетите нации
  • Искуство во подготвување апликации до Европскиот суд за човекови права
  • Завршени постдипломски студии;
  • Познавање на уште еден странски јазик
  • Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.
  • Рок и потребни документи за аплицирање:

    Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk со назнака оглас PS-08/2018, најдоцна до 27.08.2018 година до 23:59 часот.

    Постапка за избор на кандидат/ка:

    Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најдоцна до 03-ти септември, нај-квалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.

    Договор за ангажирање :

    Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за ангажирање на определено време, со пробен период од најмногу 3 месеци. Работното време ќе изнесува 20 часа неделно. По овој период, има можност за вработување во Хелсиншкиот комитет, во согласност со Законот за работните односи во РМ.

    Месечниот бруто надоместок за почетниот период е 36.050,00 денари, а тој може да расте во зависност од ангажманот по проекти.

    Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83а во Скопје.

    Twitter Facebook
    Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo