Corner Соопштенија

Оглас за ангажирање на две/двајца правни советнички/ници 16 Август 2018

Шифра на огласот: JPS-08/2018

Работно место: Правни советници(чки)

Краен рок: најдоцна до 22 август 2018 година, 23:59 часот

Адреса за поднесување документација: helkom@mhc.org.mk

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија објавува оглас за ангажирање на две/двајца правни советници(чки)

Опис и работни задачи:

  • -Учествува во давање бесплатна правна помош;
  • -Го следи текот на предметите во кои е ангажиран;
  • -Ги следи сите фактори кои може да влијаат во исходот на случаите како промена на позитивното законодавство, промена на политиките на определени институции и слично;
  • -Дава иницијативи и мапира нови донатори за проекти;
  • -Ги подготвува дописите и соопштенијата до јавноста и презема активности поврзани со медиуми и социјални мрежи, а во врска со неговите/нејзините активности;
  • -Одржува комуникација со координаторот и му стои на располагање за било какви информации во врска со имплементација на проектите;
  • -Учествува во изготвување на извештаите до донаторот на проектите
  • -Дава насоки за организирање настани, конференции и пресконференции
  • -Постапува во случаите за кои се води стратешко застапување
  • -Учествува во застапување и комуницира со институции
  • -Учествува во подготовка на месечни и годишни извештаи, анализи и други публикации.

Потребни квалификации:

  • -Дипломиран/а правник/чка со завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”) или дипломиран правник со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС;
  • -Најмалку една година работно искуство во вршење на правни работи;
  • -Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
  • -Компјутерски вештини;
  • -Напредни организациски и комуникaциски вештини.

Како предност ќе се смета:

  • -Искуство во областите владеење на правото, правосудство и кривична правда
  • -Завршени постдипломски студии;
  • -Познавање на уште еден странски јазик;
  • -Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници;
  • -Познавање на законската регулатива за остварување на работнички права;
  • -Развиено чувство за работасо жени-жртви на насилство и жртви на семејно и родово базирано насилство.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивационо писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mkнајдоцна до 22.08.2018 година до 23:59 часот.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид.

Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. На 23 август во 12 часот, најквалификуваните кандидат/ки ќе бидат тестирани онлајн, по што со најуспешните кандидати ќе се спроведе интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.

Договор за ангажирање:

Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за ангажирање на период од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Месечниот бруто надомест е 29.760,00 денари, а тој може да расте во зависност од ангажманот во организацијата. Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo