Corner Соопштенија

Прес конференција по повод Европскиот ден на жртвите на криминал од омраза 19 Јули 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права има чест да ве покани на прес-конференција која ќе се одржи на 20 јули 2018 г. (петок) од 11:00 часот во просториите на Комитетот (ул. Наум Наумовски Борче бр. 83, Скопје). Прес-конференцијата е посветена на 22 јули, предложен за „Европски ден на жртвите од криминал од омраза“ од страна на Советот на Европа.

Преку тековниот проект „Превенција од дискриминација и спраување со криминалот од омраза и говорот на омраза“, кој шест години по ред е финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Хелсиншкиот комитет од 2013 докрајот на 2017 година евидентираше 385 инциденти сторени поради омраза. Заклучно со јуни 2018 година евидентирани се вкупно 453 вакви инциденти. Сите инциденти можат да се видат на нашиот интерактивен веб портал за регистрирање на инцидентите - www.zlostorstvaodomraza.mk

За време на прес-конференцијата ќе биде презентиран Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2017 година (70 инциденти) и Годишникот за криминал од омраза за 2017 година. Дополнително, ќе биде даден преглед на инцидентите што продолжуваат и во 2018 година (68 инциденти), со особен осврт на делата од омраза сторени поради етничка припадност и политичкo уверување, како и одговорот на државата против криминалот од омраза преку Министерството за внатрешни работи, јавните обвинителства и судовите.

Во недела на самиот ден 22 јули, јубилејно, по петти пат ќе го организираме настанот „Турлитава - заедно е послатко“, поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел симболично да се одбележи Европскиот ден на жртвите од криминал од омраза. Настанот ќе се одржи во Јавна Соба со почеток во 18:00.

Идејата со која се организира настанот е надминување на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во нашата држава, како најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои потенцијално водат кон дела од омраза.

Цениме дека со организирање на ваков настан на кој ќе бидат претставени вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни во нашата држава (македонска, албанска, турска, ромска, српска, бошњачка, влашка и други),ќе покажеме дека различностите се „зачинот“ што го прават животот подобар и побогат. Оваа година на Турлитава активно ќе се вклучат и лицата со попреченост, со кои заеднички ќе готвиме и ќе се дружиме.

Ве очекуваме, во недела,.заедно да го одбележиме европскиот ден посветен на жртвите на дела од омраза и да покажеме дека различностите поврзуваат и надополнуваат.

Настанот го организираме со поддршка на „Амбрела“ и „Ресурсен центар“.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo