Corner Соопштенија

Повик: Летна школа за човекови права за млади! 16 Јули 2018

Хелсиншкиот комитет со задоволство го најавува одржувањето на 36тата летна школа за човекови права за млади! Оваа година, со поддршката на Германската Амбасада во Скопје, летната школа ќе се одржи во периодот од 24 до 30 август во Извидничкиот центар во Охрид. На школата имаат право да учествуваат млади лица на возраст од 16 до 18 години. Програмата на школата е внимателно дизајнирана со цел да им овозможи на учесниците суштинско разбирање и учење на содржини поврзани со човековите права, дискриминацијата, говорот и делата од омраза, односно надминување на предрасудите, градење толеранција и разбирање за човековите права и механизмите на заштита. Покрај наставните содржини, младите ќе имаат можност да учат преку разни вежби и рекреативни активности, како и слободно време за меѓусебно дружење. Предавачи на школата ќе бидат универзитетски професори и видни експерти во областа на човековите права, а тимот на Хелсиншкиот комитет ќе биде задолжен за организирање и спроведување на целосната програма на школата.

Трошоците за учество во школата се покриени во целост (превоз од секој град, сместување, оброци, работни материјали), односно нема да е потребен било каков надомест од страна на учесниците. Сместувањето е во двокреветни соби. За учеството во школата е неопходна согласност од старател.

Ги охрабруваме младите лица на возраст од 16 до 18 години без оглед на нивната етничка припадност и националност, верско уверување, сексуална ориентација, попреченост или било која друга основа да се пријават на овој повик доколку имаат желба да научат повеќе за човековите права и почитувањето на различностите!

Време: 24 – 30 август, 2018 година

Локација: Извиднички камп, Охрид

Повикот ќе биде отворен за аплицирање до 05.08.2018 година, а за апликацијата е потребно да се достави:

1.Формулар за Апликација (симни тука)

2.Кратка биографија

3.Мотивационо писмо, во кое ќе ја изразите вашата мотивација за учество

4.Согласност од страна на старател за учество во школата (симни тука)

Потребните документи испратете ги на е-маил: Elena.Brmbeska@mhc.org.mk , со наслов (Subject) Школа за човекови права, најдоцна до 05.08.2018 година, а доколку имате дополнителни прашања во врска со школата јавете се на 02 3119 073. 


 Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на Сојузна Република Германија- Скопје. Содржините ги изразуваат исклучиво ставовите на Хелсиншкиот комитет за човекови права. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo