Corner Соопштенија

Осуда за говорот на омраза на протестот пред Собранието на Република Македонија 14 Јуни 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија недвосмислено ги поддржува граѓаните во практикување на нивното право на протест и слободно искажување на нивните ставови и мислења.

На вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија по повод веста за решението на спорот со името помеѓу Р. Македонија и Р. Грција, беше регистриран говор на омраза и повикувања на насилство од страна на учесниците на протестот. Во тој контекст, Хелсиншкиот комитет упатува најстрога осуда за говорот на омраза присутен на вчерашниот собир, особено имајќи ги предвид случувањата на 27ми април 2017 година, како и говорот на омраза што му претходеше на насилството во Собранието.

Апелираме до сите граѓани да се воздржат од употреба на говор на омраза, навредливи и провокативни пораки кон различните етнички заедници и националности. Со цел сузбивање на говорот на омраза и разните облици на повикување на насилство и нетолеранција, бараме од надлежните институции да постапуваат по ваквите инциденти и да го санкционираат секој вид на говор на омраза.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo