Corner Соопштенија

Повик за изработка на видеа 18 Мај 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во рамките на проектот „Жените имаат права!", објавува повик за изработка на осум (8) видеа за подигнување на свеста за правата на жените.Видеата ќе бидат објавени на YouTube каналот на Хелсиншкиот комитет за човекови права, на веб-страната на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Фејсбук и на Твитер. Видеата ќе бидат во форма на кратки клипови со наслов „Дали знаевте дека" и ќе вклучат членови од Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW) и одредени домашни закони и релевантни информации, податоци и национални статистики во доменот на родовата еднаквост. Видеата треба да бидат со времетраење од максимум една минута и ќе бидат преведени и на македонски и албански јазик.

Општи информации

Сценариото за секое видео ќе биде подготвено во соработка со Хелсиншкиот комитет.

На овој повик може да аплицираат правни лица и тимови од физички лица.

Работни задачи

Изработката на видеата вклучува:

1. Подготвување на сценарио (во соработка со тимот на Хелсиншки комитет)

2. Снимање на видеото

3. Монтирање и продукција (вклучително и додавање превод на разни јазици)

4. Презентација на видеото пред тимот на Хелсиншкиот комитет

За остварување на активноста, избраниот кандидат ќе биде во постојана и редовна комуникација со тимот на Хелсиншкиот комитет.

Критериуми

Кандидатите за овој повик треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

1. Да имаат претходно искуство во изработка на видео записи.

2. Како предност ќе се смета искуство во работа на теми поврзани со човекови права

3. Вклученост на сценарист/ка/новинар/ка во тимот

Времетраење на договорот- спроведување на активноста

Рокот за аплицирање на овој повик е 23.05.2018 година.

Со избраниот(те) кандидат(и), Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за спроведување на активноста, кој ќе трае од денот на потпишување, заклучно со 31.10.2018 година. Во оваа временска рамка ќе бидат изработени 8 видеа, од кои две до крајот на јуни 2018 година.

Како да аплицирате

За да се пријавите на повикот, испратете ваше CV (кратка биографија), портфолио на изработени проекти и предлог сценарио за изработка на видеата во ваш формат, на следната е-маил адреса: helkom@mhc.org.mk

Вкупниот надомест за целокупниот ангажман за изработка на видеата е 130.000,00 денари.

За дополнителни прашања може да се обратите во канцеларијата на Хелсиншки комитет, на 02 3119 073 или на горенаведената е-мејл адреса.


Проектот „Жените имаат права!" на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонијаe e во рамките на регионалната програма „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија

Програмата е финансирана од Европската Унија

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo