Corner Kumtesa

ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА МЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА СООЧУВАЊЕ СО МИНАТОТО 16 Maj 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија како еден од регионалните партнери на Центарот за мир и толеранција (ЦМТ) објавува повик за учество на летната школа “Предизвикај ја историјата 2 – Реагирај за иднината“ што ќе се одржи од 22 до 28 јули, 2018 година во Призрен, Косово. Партнерските организации од регионот ги повикуваат слободоумните ученици од средните училишта (на 16-17 годишна возраст) во Босна и Херџеговина (БиХ), Косово, Македонија и Србија да се пријават за летната школа како дел на програмата РЕАГИРАЈ (REACT). Крајниот рок за пријавување е најдоцна до 20 мај, 2018 година. Пријавите мора да бидат пополнети на англиски јазик.

Летната школа ќе им овозможи на своите учесници активно да се осврнат на историските наративи, особено оние кои се однесуваат на неодамнешните војни/конфликти на Балканот, со цел да им се овозможи да развијат отворен дијалог и конструктивен пристап во справувањето со минатото за иднината. Понатаму, летната школа ќе ја зголеми нивната регионална мрежа и ќе ги зајакне добрососетските односи меѓу земјите. Ќе го зголеми нивното критичко размислување преку забавни и креативни активности, мрежата на млади луѓе од регионот и ќе ги зајакне добросостеските односи помеѓу земјите.

Проектот е финансисики поддржан од страна на Western Balkans Fund, Swiss Federal Department of Defense, Civil Protection and Sport, Friedrich-Ebert-Stiftung Dialogue Southeast Europe (FES-SOE), Schweizerische Helsinki Vereinigung и forumZFD (Forum Civil Peace Service).

Партнери на проектот се: ЦИВИЛ – Центар за Слобода (Македонија), Friedrich-Ebert-Stiftung Dialogue Southeast Europe (FES-SOE), Democracy Plus (Kosovo), Swiss Helsinki Committee for Human Rights (Србија), Swiss Helsinki Committee for Human Rights (Македонија), United World College (UWC) Мостар (БиХ), Schweizerische Helsinki Vereinigung (SHV) и forumZFD (Forum Civil Peace Service) во БиХ, Косово и Македонија.

Апликантите можат да ја преземат пријавата ТУКА, а формуларот за овластување за родителите ТУКА.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-sq Normal___________alb Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-sq Normal_screenshot_2017-10-24_13.29.57