Corner Kumtesa

Повик за ангажирање на експерт/ка за обука за синдикално организирање на текстилни работнички 10 Prill 2018

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување“ објавува повик за ангажирање на експерт/ка за спроведување дводневна обука за синдикално организирање на текстилни работнички.

Целта на обуката ќе биде зајакнување на капацитетите на учесниците/чките за синдикално организирање преку теоретско запознавање со синдикатите и синдикалното организирање, постапка за формирање на синдикати, членување во синдикати, практична работа и функционирање на синдикатите и препораки и начини за формирање на синдикати и дејстување на истите во текстилната индустрија.

Работни задачи:

- Изработка на  методологија, концепт и агенда за спроведување на обуката.

- Спроведување на дводневната обука за синдикално организирање на текстилните работнички на 24 и 25 април 2018 година.

- Поднесување на извештај за спроведената обука најдоцна до 30 април 2018 година.

- Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Кандидатите/ките за позицијата треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

- Завршено високо образование

- Работно искуство во спроведување на обуки за синдикално организирање

- Практично и/или теоретско работно искуство со синдикати и синдикално работење од најмалку 3 години.

Начин на пријавување:

За пријавување за кандидатите/ките треба да достават:

- професионална биографија со вклучени референци за претходнo работно искуство поврзано со синдикално организирање.

- предлог методологија, концепт и агенда за обуката.

За спроведување на активностите од овој повик предвиден е надоместок во бруто износ од 606 американски долари во денарска противвредност, сметано по курсот во месецот на исплата на средствата од страна на донаторот.

Документите за пријавување ве молиме да ги доставите на е-маил адресата helkom@mhc.org.mk со назнака “Повик за ангажирање на експерт/ка за синдикално организирање” најдоцна до 18 април 2018 година. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса, како и телефонскиот број 02/3119-073.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-sq Normal___________alb Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-sq Normal_screenshot_2017-10-24_13.29.57