Corner Соопштенија

Правен(а) советник(чка)/ Проектен(а) кординатор(ка) 05 Април 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија објавува оглас за вработување на Правен(а) советник(чка)/ Проектен(а) кординатор(ка)  

Опис и работни задачи:

  • Учествува во подготовката на апликациии за предлог на проекти;
  • Го надгледува текот на имплементацијата на активностите на проектите во кои е ангажиран;
  • Ги следи сите фактори кои може да влијаат во имплементацијата на проектот како промена на позитивното законодавство, промена на политиките на определени институции и слично;
  • Ја организира и ја надгледува работата на проектниот асистент/ка и останатите лица ангажирани во имплементацијата на проектот;
  • Дава иницијативи и мапира нови донатори за проекти поврзани со владеење на правото и кривичната правда
  • Ги подготвува дописите и соопштенијата до јавноста и презема активности поврзани со медиуми и социјални мрежи а, во врска со проектните активности;
  • Одржува комуникација со донаторот и му стои на располагање за било какви информации во врска со имплементација на проектите;
  • Ги изготвува извештаите до донаторот на проектите
  • Дава насоки за организирање настани, конференции и пресконференции
  • Дава правни совети и мислења
  • Постапува во случаите за кои се води стратешко застапување
  • Учествува во застапување и комуницира со институции
  • Учествува во подготовка на месечни и годишни извештаи, анализи и други публикации.

Потребни квалификации:

  • Дипломиран/а правник/чка со завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”) или дипломиран правник со стекнати 300 кредити согласно ЕКТС;
  • Најмалку три години работно искуство во водењето проекти во областа на правосудството и заштитата на човековите права и слободи
  • Искуство во стратешка литигација во случаи на прекршување на човековите права
  • Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
  • Компјутерски вештини;
  • Напредни организациски и комуникциски вештини.

Како предност ќе се смета:

  • Искуство во областите владеење на правото, правосудство и кривична правда
  • Искуство во подготвување апликации до Европскиот суд за човекови права
  • Завршени постдипломски студии;
  • Познавање на уште еден странски јазик
  • Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивационо писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 15.04.2018 година до 23:59 часот. При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најдоцна до 19 април, најквалификуваните кандидат/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.

Договор за вработување :

Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено, со пробен период од 3 месеци. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи. Месечната бруто плата е 65.203,00 денари, а таа може да расте во зависност од ангажманот по проекти.

Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83а во Скопје.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo