Corner Соопштенија

Осуда на насловна страна во издание на весникот „Слободен печат“ 16 Март 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ најостро ја осудува насловната страна на изданието од 14.03.2018 на дневниот весник „Слободен печат“, ставена во контекст на општествено - политичките случувања. Имено, објавувањето на фотографија на жена учесничка на протест пред Собранието на РМ со наслов „Вмровците ги покажаа забите“ претставува грубо вознемирување на личноста на жената на фотографијата со тенденциозно придавање на карактеристики како што се политичката припадност и социјален статус. Ваквите сензационалистички наслови засновани врз предрасуди претставуваат повод за разгорување на навреди и говор на омраза во јавниот дискурс, опасност за која Хелсиншкиот комитет предупредува во континуитет.

Апелираме до уредништвото на весникот „Слободен печат“ да се извини и на јавноста и лично на жената која е злоупотребена и во иднина, особено во време на чувствителни политички случувања, да се воздржи од злоупотреба на ликот на недолжни граѓани кои го остваруваат своето право на протест. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo