Corner Соопштенија

Апелација ја потврди пресудата за Кадоро Ото во корист на работничките и работниците 15 Февруари 2018

Апелациониот суд во Скопје ја одби жалбата на тужениот работодавец ДПЧТ КАДОРО ОТТО ДООЕЛ експорт-импорт Крива Паланка и ја потврди пресудата на првостепениот суд, со која се усвојува тужбеното барањето на работничките и работниците и се задолжува тужениот да им исплати на работничките и работниците вкупен износ од 1.430.856,00 денари за неисплатени плати и придонеси.

Случајот беше инициран во март 2017 година од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права по претходно добиени сознанија од вработените во КАДОРО ОТТО. За овој случај најпрво беше поднесено барање до Државниот инспекротат за труд, кој утврди дека работодавачот им исплатил на вработените плата и законски придонеси за задолжително социјално осигурување за декември 2016 година, но не и за јануари 2017. Инспекторатот издаде наредба за отстранување на недостатокот од страна на работодавецот во рок од 8 дена, кој рок работодавецот не го испочитува. Хелсиншкиот комитет побара продолжување на постапката и побара од Државниот инспекторат за труд да понесе барање за поведување на прекршочна постапка против работодавачот. По извршен дополнителен инспекциски надзор и констатирана фактичка состојба, Државниот инспекторат за труд издаде прекршочен налог со изречена глоба, а работодавачот изврши уплата на изречената глоба.

Бидејќи работодавачот до крајот на март 2017 година не изврши исплата на плати и придонеси за февруари 2017 година, 105 вработени од КАДОРО ОТТО со поддршка на Хелсиншкиот комитет одлучија да поведат судска постапка против работодавачот за неисплатени плати и придонеси на плати за јануари и февруари 2017 година. Со оглед на фактот дека работодавачот во мај 2017 година изврши задоцнета исплата на јануарската плата, вработените иницираа судска постапка за несиплатени плати и придонеси на плати за февруари 2017 година. Постапувајќи по тужбеното барање, Основниот суд во Крива Паланка донесе пресуда со која го усвои тужбеното барање на работничките и работниците, која пресуда ја потврди и Апелациониот суд во Скопје како второстепен суд, со што истата стана конечна.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo