„Секое дете заслужува правда!“ 08 Февруари 2018
Во видеото е прикажан случај на нехуман третман кон дете од ромската етничка заедница од страна на медицински лица во јавна здравствена установа. Поради скршеница на раката, малолетното дете заедно со неговата мајка побарале лекарска помош, но, наместо помош од медицинските лица добило „шлаканици”! Наводно, детето не ги слушало медицинските лица додека се обидувале да му ја наместат скршената рака без анестезија.
Видеото е подготвено со поддршка на институционален грант во рамките на програмата Цивика Мобилитас.
Содржината на ова видео е единствена одговорност на Хелсиншкиот комитет за човекови права и во ниту еден случај не ги изразува ставовите на Цивика Мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка или имплементирачките партнери.