Corner Press release

Повик за учество во обуки за градење капацитети за користење на жалбените постапки воспоставени со Факултативниот протокол кон Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените - CEDAW 07 February 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во рамките на проектот "Жените имаат права!", организира циклус на обуки за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, мрежи, платформи и правници/чки кои работат на правата на жените, за користење на жалбените механизми за заштита на правата на жените и адресирање на родово базирана дискриминација преку поднесување индивидуални претставки и постапки согласно Факултативниот протокол кон Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW) и за застапување на правата на жените во случаи на родово базирана дискриминација и родово базирано насилство.


Oбуките ќе бидат одржани во текот на 2018 година, и ќе вклучат општа теоретска основа за комитетите на ООН, користење на жалбените механизми за заштита на правата на жените и адресирање на родово базирана дискриминација преку поднесување индивидуални претставки и постапки согласно Факултативниот протокол кон Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW) со фокус на CEDAW и Факултативниот протокол кон CEDAW, индивидуалните жалбени постапки. Обуките ќе бидат одржани од надворешни експерти со долгогодишно искуство во работењето на комитетите на ООН.

Обуките ќе ги зајакнат капацитетите и ќе ги поттикнат организациите, мрежите, платформите и правниците/чките кои работат на правата на жените за користeње на жалбените механизми согласно Факултативниот протокол кон CEDAW и ќе резултираат со иницирање на најмалку 5 индивидуални претставки и постапки согласно Факултативниот протокол кон CEDAW.

На овој повик може да аплицираат граѓанските организации, мрежи, платформи и правници/чки кои работат на женски права кои:

- обезбедуваат правна помош и работат на правна заштита на правата на жените;

- работат на застапување на правата како и пристап до услуги на жените од маргинализирани заедници и жените кои се соочуваат со повеќекратна дискриминација;

- имаат интерес за користење на индивидуалните претставки и постапки согласно Факултативниот протокол кон CEDAW.

Во рамките на пријавата по повикот потребно е да се достави:

- Номинација на вработен или член доколку пријавата се поднесува од граѓанска организација, мрежа или платформа.

- Портфолио на организацијата, мрежата или платформата во кое ќе биде претставена работата на правната заштита и застапувањето за правата на жените.

- Професионална биографија (CV) доколку пријавата се поднесува од страна на правник/чка кој/а работи на заштита на правата на жените.

Пријавата треба да се достави на меил адресата jovana.jovanovska@mhc.org.mk најдоцна до 16.02.2018 година. За сите дополнителни информации и прашања Хелсиншкиот комитет ви стои на располагање на споменатата меил адреса и на телефонскиот број 02/3119-073.

_________________________________________________________________________________________________________________

Проектот "Жените имаат права!" на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија e во рамките на регионалната програма „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансирана од Европската Унија                                                           





Програмата е финансирана

од Европската Унија

Twitter Facebook
Normal_banner-free-en Normal___________ang Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-en Normal_banner-program-en