Corner Соопштенија

61 носител на функција ја поддржаа Декларацијата против корупција! 29 Јануари 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права со задоволство Ве информира дека Декларацијата за борба против корупцијата досега e потпишана од страна на Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, јавната обвинителка за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Катица Јанева, 18 министри и еден заменик-министер во Владата на Република Македонија, градоначалникот на градот Скопје и градоначалниците на 35 општини во Република Македонија.

Преку потпишување на Декларацијата, носителите на највисоките функции во извршната власт на централно и локално ниво, како и највисоките претставници на двете обвинителства во земјата ја изразија нивната безрезервна поддршка во борбата против корупцијата. Оваа нивна активност следуваше по иницијатива на Хелсиншкиот комитет кој Декларацијата ја достави до сите релевантни чинители во државата. Таа беше претходно промовирана на 11 декември 2017 година на настан организиран на Правниот факултет „Јустинијан Први“ по повод Меѓународниот ден против корупцијата на 9 декември и Меѓународниот ден за човекови права на 10 декември 2017 година.

Во тие рамки, Декларацијата беше потпишана од страна на г. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, г. Али Ахмети, претседател на ДУИ, г. Арбен Таравари, генерален секретар на Алијансата за Албанците и г. Петре Шилегов, во својство на Претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Како говорници на настанот се обратија Амбасадорот на САД, Џес Бејли и г. Луиза Винтон, шефица на мисијата на Обединетите Нации во Република Македонија.

Со потписите на Декларацијата добиени заклучно со денешниот ден вкупниот број на потписници на Декларацијата за борба против корупцијата достигна 61. Сепак, Хелсиншкиот комитет истакнува дека можноста за изразување на поддршка на институциите за борба против корупцијата не завршува и ги повикува сите субјекти заинтересирани да ја изразат нивната заложба за борба против корупцијата да се обратат на helkom@mhc.org.mk , како и на телефонскиот број +389 2 3119073.

Листата на потписниците на Декларацијата за борба против корупцијата ќе ја најдете подолу.

Листа на потписници

  • 1.Специјална Јавна обвинителка - Катица Јанева (Јавно Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите)
  • 2.Јавен Обвинител на Република Македонија – Љубомир Јовески

Министри

  • 1.Радмила Шекеринска / Министерка за одбрана
  • 2.Аднан Ќахил / Министер задолжен за странски инвестиции
  • 3.Гоце Чекаровски / Заменик министер за здравство
  • 4.Венко Филипче / Министер за здравство
  • 5.Рената Дескоска / Министерка за образование и наука
  • 6.Роберт Поповски / Министер за комуникации, отчетност и транспарентност
  • 7.Зоран Шапуриќ / Министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании
  • 8.Едмонд Адеми / Министер за дијаспора
  • 9.Мила Царовска / Министерка за труд и социјална политика
  • 10.Никола Димитров / Министер за надворешни работи
  • 11.Сухејл Фазлиу / Министер за локална самоуправа
  • 12.Роберт Алаѓозовски / Министер за култура
  • 13.Зорица Апостолска / Министерка без ресор за странски инвестиции
  • 14.Зоран Сугарески / Министер за транспорт и врски
  • 15.Љупчо Николовски / Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • 16.Билен Саљији / Министер за правда
  • 17.Крешник Бектеши / Министер за економија
  • 18.Оливер Спасовски / Министер за внатрешни работи
  • 19.Дамјан Манчевски / Министер за информатичко општество и администрација

Градоначалници

  • 1.Александар Наумовски / Општина Ѓорче Петров -
  • 2.Драган Тренчовски / Општина Пехчево
  • 3.Максим Димитриевски / Општина Куманово
  • 4.Блерим Сејди / Општина Желино
  • 5.Џемил Ќамили / Општина Долнени
  • 6.Горан Трајковски / Општина Делчево
  • 7.Марјан Јанев / Општина Василево
  • 8.Јасмина Гулевска / Општина Могила
  • 9.Сашо Велковски / Општина Свети Николе
  • 10.Драган Анастасов / Општина Пробиштип
  • 11.Арбен Таравари / Општина Гостивар
  • 12.Исен Асани / Општина Теарце
  • 13.Илија Јовановски / Општина Прилеп
  • 14.Борче Митевски / Општина Петровец
  • 15.Соња Стаменкова / Општина Македонска Каменица
  • 16.Роберт Бешовски / Општина Градско
  • 17.Борче Гиевски / Општина Зелениково
  • 18.Борис Георгиевски / Општина Гази Баба
  • 19.Аце Коцевски / Општина Велес
  • 20.Николчо Илијев / Општина Кочани
  • 21.Теута Арифи / Општина Тетово
  • 22.Блерим Беџети / Општина Сарај
  • 23.Борјанчо Мицевски / Општина Крива Паланка
  • 24.Жика Стојановски / Општина Илинден
  • 25.Живко Ташаревски / Општина Ресен
  • 26.Марјанче Стојановски / Општина Демир Хисар
  • 27.Дудуш Курто / Општина Шуто Оризари
  • 28.Борјанчо Мицевски / Општина Крива Паланка
  • 29.Љубе Кузмановски / Општина Новаци
  • 30.Коста Јаневски / Општина Струмица
  • 31.Стефан Богоев / Општина Карпош
  • 32.Филип Темелковски / Општина Кисела Вода
  • 33.Наташа Петровска / Општина Битола
  • 34.Рамиз Мерко / Општина Струга
  • 35.Велимир Смилевски / Општина Бутел
  • 36.Сашо Поцков / Општина Гевгелија 
Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo