Corner Соопштенија

​Повик за учество на обука за мониторинг на судски рочишта 24 Јануари 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамките на својот мандат за заштита, промоција и унапредување на човековите права во Република Македонија врши мониторирање на судски рочишта. 

За таа цел, Хелсиншкиот комитет објавува јавен повик за учество на обука за мониторинг на судски рочишта во Скопје.

На обуката ќе можат да се пријават:

-млади ентузијасти со завршени додипломски студии во областа на правото (постдипломски студии во областа на кривичната или граѓанска постапка ќе се сметаат за предност);

-солидно познавање на Закон за кривична постапка и Закон за парнична постапка;

-познавање на Кривичниот законик, Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и Закон за спречување и заштита од дискриминација;

Заинтересираните за учество на обуката потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо во кое што ќе ги објаснат своите квалификации и претходно искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk со назнака „обука за мониторинг на судења“ најдоцна до 02 февруари 2018 до 17:00 часот.

Од пријавените кандидати, за обуката ќе бидат избрани 10 учесници кои ги исполнуваат горенаведените критериуми. Датумот и местото за обуката ќе бидат одредени по изборот на учесниците. Учесниците по завршувањето на обуката ќе имаат можност да бидат дел од тимот на Хелсиншкиот комитет за следење на судски рочишта во Скопје.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo