Corner Press release

Исплатата на регрес за годишен одмор останува горлив проблем во тесктилната, кожарската и чевларската индустрија 11 January 2018

Согласно Општиот колективен договор за стопанството, вработените во приватниот сектор, вклучително и вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија, во 2017 година имаа право на регрес за годишен одмор или во јавноста познат како К-15. Исплатата на регресот се врши до крајот на годината во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Основицата за пресметување на надоместоците на работниците, вклучително и регресот за годишен одмор преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци. Тоа значи дека вработените во приватниот сектор имаат право на регрес за годишен одмор во минимален износ од околу 9000 денари.

Сепак, Колективниот договор остава простор работодавачите во случај на финансиски потешкотии во работењето да исплаќаат понизок износ за регрес на годишен одмор од минимално утврдениот, по претходен договор со синдикалниот претставник или избраниот претставник на работниците. Оваа можност и во 2017 година беше (зло)употребена од многу работодавачи во текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Хелсиншкиот комитет документираше повеќе случаи во кои работодавачите исплатиле далеку пониски износи за регрес на годишен одмор од минимално утврдениот износ, износи кои во одредени случаи беа во висина од 100 денари. Ова е од причина што Колективниот договор има нејаснотии и прецизно не регулира како се утврдува дали одреден работодавач има финансиски потешкотии во работењето и врз основа на кои критериуми се пресметува понискиот износ за исплата на регрес за годишен одмор. Од друга страна во текстилните, кожарските и чевларските конфекции во кои нема синдикален претставник често има нетранспарентен избор на претставник на работниците кој со работодавачот го договара износот за регрес на годишен одмор во случаи на финансиски потешкотии на работодавачот, па често се случува да има злоупотреби. Ваквата ситуација им создава проблеми и потешкотии и на државните инспектори за труд при вршење на инспекциските надзори бидејќи нема утврдени критериуми по кои инспекторите би можеле да оценат дали работодавачот има и колкави се финансиските потешкотии во работењето и дали исплатениот регрес на годишен одмор во помал износ од минималниот соодветствува на финансиските потешкотии во работењето на работодавачот. Во случаите кога државните инспектори за труд ќе утврдат дека одреден работодавач нема исплатено регрес за годишен одмор, а има финансииски потешкотии во работењето, одредувањето на висината за регресот за годишен одмор се врши од страна на државните инспектори за труд, кои повторно немаат критериуми по кои би утврдиле колкава би требала да биде висината на истиот.

Хелсиншкиот комитет апелира да се изврши дополнување и прецизирање на Општиот колективен договор за стопанството во делот на утврдување на регресот за годишен одмор во слуачите кога работодавачот има финансиски потешкотии во работењето, со поставување на јасни критериуми за утврдување на финансиските потешкотии и поставување на јасни критериуми за утврдување на висината на регресот за годишен одмор во случаи на финансиски потешкотии во работењето на работодавачот. Во меѓувреме ги охрабруваме работничките и работниците од текстилната, кожараската и чевларската индустрија и понатаму да продолжат со пријавувањето на прекршувањата на работничките права. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-en Normal___________ang Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-en Normal_banner-program-en