Corner Соопштенија

Утврдено неисплаќање на минимална плата и неутврден нормиран учинок во текстилна конфекција во Кратово 25 Декември 2017

По поднесено барање за вонреден инспекциски надзор од Хелсиншкиот комитет, Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Кратово утврди неправилности и недостатоци во работењето на ТПД ДЕ-ТЕКС ДОО Пробиштип - подружница бр. 1 Кратово, во поглед на неутврден нормиран учинок, исплатени плати за октомври 2017 помалку од со закон утврдената минимална плата за 43 вработени и неиздавање месечни пресметки на плати и придонеси на плати за октомври 2017 за 43 вработени. Инспекторатот со решение го задолжил работодавачот во рок од 15 дена да изготви правилник за нормиран учинок, согласно чл.1 од Законот за измени и дополнување на законот за минимална плата, да ја исплати разликата од исплатената плата до со закон утврдената минимална плата согласно чл. 10 од Законот за измени и дополнување на законот за минимална плата за 43 вработени во подружницата и да им издаде на вработените пресметки за исплата на плата и придонеси на плата.

Ова е прв регистриран случај на Хелсиншкиот комитет на утврдени неправилности и недостатоци од страна на Државниот инспекторат за труд во однос на неисплаќање на минимална плата и неутврден нормиран учинок од страна на работодавач во текстилната индустрија, по стапувањето во сила на Законот за измени и дополнување на законот за минимална плата.

Го поздравуваме ваквото решение на Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Кратово и ги охрабруваме работничките и работниците од текстилната индустрија и во иднина да ги пријавуваат ваквите прекршувања на работничките права. Дополнително апелираме до работодавачите да го почитуваат Законот за минимална плата во однос на утврдувањето на нормираниот учинок и исплата на законски предвидениот износ за минимална плата. Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да го следи овој случај и да мониторира дали работодавачот постапил по наредбата на Инспекторатот.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo