Corner Соопштенија

Декларација за борба против корупција 12 Декември 2017

 Меѓународниот ден против корупција, 9ти декември и Меѓународниот ден за човекови права, 10ти декември, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги одбележа со потпишувањето на Декларација за борба против корупција од страна на претставници на централната и локалната власт, како и политичките лидери на коалиционите партнери во Владата на Република Македонија.

На настанот кој се одржа на 11.12.2017 година на Правниот факултет Јустинијан Први, Претседателот на Хелсиншкиот комитет, Проф. Др. Гордан Калајџиев ги повика Претседателот на Владата на Република Македонија, Г. Зоран Заев, г. Али Ахмети, Претседател на ДУИ, Г. Арбен Таравари, Генерален секретар на Алијансата за Албанците и Г. Петре Шилегов, во својство на Претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), да ги изразат своите заложби во борбата против корупцијата и да се обврзат на нулта толеранција кон корупцијата во Владата на РМ, како и во сопствените политички партии. Како говорници на настанот се обратија Амбасадорот на САД, Г. Џес Бејли и Г. Луиза Винтон, шефица на мисијата на Обединетите Нации во Република Македонија. Во своите обраќања, тие ги потенцираа загрижувачките индикатори за присуство на корупцијата во изминатите години и нивниот погубен ефект врз човековите права и слободи. Притоа, ја нагласија неопходноста од преземање сериозни мерки за спречување на корупцијата и потребата за политичката волја при справувањето со овој негативен феномен.

Декларацијата за борба против корупција ќе биде доставена до сите министерства и граѓански организации, кои ќе имаат можност со својот потпис да ја изразат својата поддршка во борбата против корупцијата. 

     

     

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo