Corner Kumtesa

Претставничка на Хелсиншкиот комитет присуствува на седница на Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Обединети Нации 29 Nёntor 2017

Неда Чаловска Димовска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денес (29.11.2017 година) присуствува на Тематска дискусија за расната дискриминација во денешниот свет: ,,Расно профилирање, етничко чистење и актуелни глобални прашања и предизвици”, која се одвива пред Комитетот за елиминација на расната дискриминација при Обединетите Нации во Женева.

Комитетот одлучи да одржи тематска дискусија која ќе се фокусира на расното профилирање, етничкото чистење, како и други поврзани прашања, бидејќи сите тие влијаат на искуствата од расната дискриминација, а во контекст на употребата и злоупотребата на идентитетот заради исклучување врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потеклото, како што е наведено во член 1 од Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација. Со дискусијата Комитетот се обидува да се осврне подлабоко на дел од глобалните предизвици на расната дискриминација, со цел да се подобри влијанието на работата на Комитетот во борбата против расната дискриминација, особено во однос на расното профилирање и етничкото чистење. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-sq Normal___________alb Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-sq Normal_screenshot_2017-10-24_13.29.57