Corner Соопштенија

Чевларска фабрика од Штип не исплаќала регрес за годишен одмор и додатоци на плата 28 Ноември 2017

Државниот инспекторат на труд, подрачна единица Штип утврди неправилности и прекршувања на работнички права во Друштвото за производство на чевли Баргала АД Штип. По поднесена иницијатива за вонреден инспекциски надзор од страна на Хелсиншкиот комитет, надлежен инспектор на труд изврши вонреден инспекциски надзор и при истиот констатира дека работодавачот нема исплатено регрес на годишен одмор за 2016 година на своите вработени, часовите за прекувремена работа ги наведувал и пресметувал под ставка награди и казни во пресметковниот лист со што постапил спротивно на Законот за работни односи и утврдил недостатоци во областа на здравјето и безбедност при работа. За сите утврдени недостатоци Државниот инспекторат на труд, подрачна единица Штип донел решенија со кои го задолжил работодавачот да ги отстрани констатираните недостатоци и неправилности. Хелсиншкиот комитет ги поздравува ваквите решенија на Државниот инспекторат на труд, подрачна единица Штип и апелираме работодавачот да постапи по решенијата на Државниот инспектор на труд. Хелсиншкиот комитет ке продолжи да го следи овој случај и да мониторира дали работодавачот ке постапи по сите решенија за отстранување на неправилностите и недостатоците.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo