Corner Kumtesa

Утврдена повреда на работнички права во текcтилна конфекција во Македонска Каменица 20 Nёntor 2017

По поднесена иницијатива за вонреден инспекциски надзор од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Делчево утврди повреда на работничките права во ДПТУ Текстил М ДОО Македонска Каменица. По извршениот инспекциски надзор и земените изјави од вработените, државниот инспектор на труд со решение утврдил повреда на одребите од Законот за работни односи во начинот на исплата на плата од страна на работодавачот и му дал рок за отстранување на констатираните повреди.

Хелсиншкиот комитет го поздравува ваквото решение на Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Делчево и известува дека и понатаму ќе го следи овој случај, односно ќе мониторира дали работодавачот во дадениот рок постапил по решението на инспекторатот.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-sq Normal___________alb Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-sq Normal_screenshot_2017-10-24_13.29.57