Corner Press release

Утврдени повреди на работнички права во тесктилна конфекција во Крива Паланка 09 November 2017

Држаниот инпекторат на труд - подрачна единица Крива Паланка утврди неправилности и прекршувања на повеќе работнички права во ДПТУ ЛО-МА СХОЕС ДООЕЛ Крива Паланка. По поднесена иницијатива за вонреден инспекциски надзор од страна на Хелсиншкиот комитет, надлежен иниспектор на труд изврши вонреден инспекциски надзор во именуваната конфекција и при истиот констатира дека работодавачот не води електронска евиденција за присуство на вработените, работодавачот нема исплатено регрес за годишен одмор на тројца вработени за 2016 година и утврдил неправилности и недостатоци во областа на безбедноста и здравјето при работа. За сите утврдени недостатоци Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Крива Паланка донел решенија со кои го задолжил работодавачот да ги отстрани констатираните недостатоци и неправилности. Работодавачот до сега има постапено по решението за отстранување на недостатоците и неправилностите во областа на безбедноста и здравјето при работа.

Хелсиншкиот комитет ги поздравува ваквите решенија на Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Крива Паланка. Воедно го поздравуваме и постапувањето на рабодовачот по едно од решенијата за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци и апелираме истиот да постапи и по останатите две решенија на Државниот инспекторат за труд. Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да го следи овој случај и да мониторира дали работодавачот ќе постапи по сите решенија за отсранување на неправилностите и недостатоците. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-en Normal___________ang Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-en Normal_banner-program-en