Corner Press release

Oтфрлени препораките на Прибе содржани во извештајот на Народнот правобранител 07 November 2017

  • На 06.11.2017, Собранието на Р. М. oдби да ја задолжи Владата да ги подобри состојбите во сферата на човековите права со конкретни мерки содржани во Извештајот на Народниот правобранител, бидејќи немаше доволно присутни пратеници.
  • Апелираме до пратениците, особено до владеачкото мнозинство, во најбрз можен рок да ги изгласаат мерките содржани во извештајот на Народниот правобранител каде се наведени препораките на Прибе. Имплементацијата на препораките од Извештајот на експертската група предводена од Прибе мора да биде главен приоритет на Собранието и Владата за државата да го забрза евроинтегративниот процес, но и поважно, да обезбеди ефикасна заштита на човековите права и слободи на граѓаните.
  • Во најмала рака е несериозно владеачкото мнозинство да нема обезбедено кворум за изгласување на вакви исклучително важни мерки. Потсетуваме дека пратеничките групи во законодавниот дом мораат да ги имаат како приоритет човековите права и слободи во својата работа и препорачуваме да не дозволуваат технички аспекти како немање доволно присутни пратеници на гласањето да пречат во спроведувањето на главните приоритети на реформскиот процес.
Twitter Facebook
Normal_banner-free-en Normal___________ang Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-en Normal_banner-program-en