Corner Соопштенија

Студентски камп во Специјалниот завод Демир Капија 06 Ноември 2017

Претставничка од Хелсиншкиот комитет за човекови права присуствуваше на затварањето на студентскиот камп кој се одвиваше во Специјалниот завод Демир Капија минатата недела. Студентскиот камп беше организиран во рамките на проектот ЕУ ТП за поддршка на процесот на деинституционализација во социјалниот сектор. На затварањето на кампот беа претставени финалните заклучоци од страна на тим лидер Вито Флакер од Словенија, проектен експерт Владо Крстовски, Софи Бомонд претставничка на ЕУ делегацијата, Слободaнка Лазова Здравковска претставничка на Министерство за труд и социјална политика. Студентите и наставниците од Институт за дефектологија и Институт за социјална работа и социјална политика во Скопје, како и Факултет за социјална работа од Љубљана учествуваа во нормализација на Специјалниот Завод Демир Капија, процена на капацитетот на услугите во заедницата, како и планот за трансформација на заводот, се со цел да се изготви добра Национална стратегија за деинституционализација. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo