Corner Соопштенија

Поведена прекршочна постапка против Јагјемезлер ДООЕЛ Штип за недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа 06 Ноември 2017

По поднесена претставка од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Државниот инспекторат за труд - подрачна едицина Штип констатираше недостатоци од областа на безбедноста и здравјето при работа во ДПТУ Јагјемезлер ДООЕЛ Штип. Имено, при извршениот вонреден инспекциски надзор овластен државен инспектор за труд од областа на безбедност и здравје при работа констатирал дека работодавачот треба да направи ревизија на проценката на ризик, да изврши испитувања на хемиските, биолошките и физичките штетности, микроклимата и осветленоста, влажноста, испитаноста на прашина по параетар, влажност и струење на воздухот во летниот и зимскиот период во вршење на работниот процес, да изврши обука на 11 вработени лица и да обезбеди периодични систематски прегледи за 11 вработени. Со оглед на фактот дека работодавачот подолг временски период не постапи по задолжувањата на Државниот инспекторат за труд, Хелсиншкиот комитет побара продолжување на постапката по извршениот инспекциски надзор и побара инспекторатот, согласно законските овластувања, да поднесе барање за поведување прекршочна комисија. По поднесеното барање, Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Штип не извести дека е поведена прекршочна постапка согласно Законот за безбедност и здравје при работа.

Го поздравуваме ваквото решение на Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Штип и проактивниот однос и залагањето на државниот инспектор кој постапуваше во конкретниот случај.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo