Corner Соопштенија

Повик за изработка на две видео стории 09 Октомври 2017

Oпшти информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во рамките на проектот "Правно зајaкнување на текстилните работнички за самозастапување" има потреба од изработка на две видеo стории, во кои ќе бидат прикажани лични стории за состојбите со работничките права на текстилните работнички. Целта на проектот е правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување, заради подобрување на нивниот социјален и општествен статус и покренување на свесноста кај текстилните работнички за нивните граѓански, социјални и работнички права и мехнизмите за нивна заштита.

Сценаријата за двете видеа ќе бидат подготвени од страна на Хелсиншкиот комитет.

На овој повик може да аплицираат правни лица и физички лица.

Работни задачи

Изработката на видео сториите вклучува:

1. Снимање на видео сториите;

2. Монтирање и продукција (вклучително и додавање превод, графикони, табели и инфографици);

3. Презентација на видео сториите пред проектниот тим на Хелсиншкиот комитет;

При изработката на видео сториите, избраниот кандидат ќе биде во постојана и редовна комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет.

Критериуми

Кандидатите за овој повик треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

1. Да имаат претходно искуство во изработка на видео записи;

2. Како предност ќе се смета искуство во работа на теми поврзани со маргинализирани групи.

За изработка на двете видео стории Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе му надомести на изработувачот бруто износ од 1.200,00 американски долари во денарска противвредност, сметано по курсот во месецот на исплата на средствата од страна на донаторот.

Временска рамка за спроведување на активностите:

16.10.2017 - Избор на кандидатите и потпишување на договорот;

16.10 - 31.10.2017 - Снимање, монтирање и продукција на првото видео;

31.10.2017 - Презентација на првото видео на проектниот тим на Хелсиншкиот комитет;

01.11 - 30.11.2017 - Снимање, монтирање и продукција на второто видео;

30.11.2017 - Презентација на второто видео на проектниот тим на Хелсиншкиот комитет.

Како да аплицирате? 

Заинтересираните кандидати треба да достават професионална биографија (СV) и портфолио за претходно изработени проекти на е-маил адресата igor.jadrovski@mhc.org.mk со назнака “За изработка на видео стории за текстилни работнички”, најдоцна до 14.10.2017 година, сабота, до 17:00 часот. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса, како и телефонскиот број 02/3119-073.

За дополнителни прашања може да се обратите во канцеларијата на Хелсиншки комитет, на 02 3119 073 или на горенаведената е-мејл адреса. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo