Corner Press release

Повик за изработка на видео-приказни 02 October 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има потреба од изработка на 5 кратки видеа (2-3 минути), во кои ќе бидат прикажани лични приказни на граѓани чии основни човекови права биле прекршени, а кои се обратиле до Хелсиншкиот комитет за помош. Видео-приказните ќе прикажат дали граѓаните успеале да ги остварат своите права и каков бил патот низ кој поминале.

Општи информации

Сценариото за секое видео ќе биде подготвено во соработка со Хелсиншкиот комитет и согласно избраните случаи.

На овој повик може да аплицираат правни лица и тимови од физички лица.

Работни задачи

Изработката на видеата вклучува:

1. Подготвување на сценарио (во соработка со тимот на Хелсиншки комитет)

2. Снимање на видеото

3. Монтирање и продукција (вклучително и додавање превод на разни јазици)

4. Презентација на видеото пред тимот на Хелсиншкиот комитет

За остварување на активноста, избраниот кандидат ќе биде во постојана и редовна комуникација со тимот на Хелсиншкиот комитет.

Критериуми

Кандидатите за овој повик треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

1. Да имаат претходно искуство во изработка на видео записи.

2. Како предност ќе се смета искуство во работа на теми поврзани со маргинализирани групи.

Времетраење на договорот- спроведување на активноста

Рокот за аплицирање на овој повик е 13.10.2017 година, петок, до 17:00 часот.

Со избраниот(те) кандидат(и), Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за спроведување на активноста, кој ќе трае од денот на потпишување, заклучно со 31.05.2018 година. Во оваа временска рамка ќе бидат изработени 5 видеа, од кои 2 видеа се очекува да бидат изработени до крајот на 2017 година, а останатите 3 видеа во наредните 5 месеци.

Како да аплицирате

За да се пријавите на повикот, испратете ваше CV (кратка биографија), портфолио на изработени проекти и финансиска понуда (предлог буџет) во ваш формат, за изработка на 5 видеа на следната е-маил адреса: Elena.Brmbeska@mhc.org.mk

За дополнителни прашања може да се обратите во канцеларијата на Хелсиншки комитет, на 02 3119 073 или на горенаведената е-мејл адреса. 


Овој повик е објавен со поддршка на програмата Civica Mobilitas. Неговата содржина ги одразува единствено ставовите на Хелсиншкиот комитет за човекови права и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-en Normal___________ang Normal_banner-lgbti Normal_banner-ws-en Normal_banner-program-en