Corner Соопштенија

Државниот инспекторат за труд нареди исплата на регрес во текстилна фабрика во Штип 27 Септември 2017

На 19.09.2017 година Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Штип донесе решение со кое му нареди на управителот на Друштвото за производство и промет ЗОГОРИ увоз-извоз ДОО Штип да им исплати на вработените регрес за годишен одмор. По поднесена претставка од страна на Хелсиншкиот комитет, државен инспектор за труд од подрачната единица на инспекторатот изврши вонреден инспекциски надзор во споменатата конфекција при што констатира дека работодавачот не им исплатил регрес на работниците за платен годишен одмор за 2016 година. Во решението со кое се задолжува работодавачот да ги исправи неправилностите, државниот инспектор за труд му дал рок од 30 дена на работодавачот за исплата на регресот. Го поздравуваме ваквото решение на Државниот инспекторат за труд - подрачна единица Штип и проактивниот однос и залагањето на државниот инспектор кој постапуваше во конкретниот случај. Хелсиншкиот комитет и во иднина ќе продолжи да го мониторира овој случај, односно ќе следи дали работодавачот постапил по решението на Државниот инспекторат за труд и им го исплатил регресот за годишен одмор за 2016 година на своите вработени. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo