Corner Соопштенија

Оглас за вработување 15 Септември 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има потреба од вработување на Раководител/ка на канцеларија/ Проектен/а асистент/ка.

Раководителот на канцеларија е одговорен за организација на сите административни работи и работи од техничка природа на Комитетот.

Асистентот на проект помага во спроведување на активностите на проектот на кој е назначен.

Обврски на Раководителот на канцеларија:

Ја менаџира целокупната пишана и електронска кореспонденција на Здружението со трети лица;

Го води архивирањето и заверувањето на испратени и примени документи;

Подготвува материјали на барање на вработените;

Го организира распоредот на планираните активности на Извршниот директор;

Води грижаза потребите на канцеларијата;

Врши нарачки на канцелариски материјал и други потребни средства.

Одговорности на Раководителот на канцеларија:

Одговара за архивирањето и заверувањето на испратени и примени документи.

Одговара за навремено известување на Извршниот Директор за плановите и обврските.

Води грижа за уредноста на деловодните книги.

Одговара за уредното испраќање на пишани или електронски дописи.

Обврски на Асистентот на проект:

Асистира во подготовката на апликации за проекти;

Асистира во реализација на активностите од проектот;

Асистира при подготовката на дописите и соопштенијата до јавноста и превзема активности поврзани со медиуми и социјални мрежи а,во врска со проектот;

Асистира во техничките и логистичките операции во соласност со потребите на проектот на кој е назначен;

Асистира при изготвување на извештаите кон донаторот.

Одговорности на Асистентот на проект:

Одговара за имплементација на активностите од проектот кои му се делегирани од страна на проектниот координатор;

Одговара за исполнувње на краткорочните и долгорочните цели на проектот.

Потребни квалификации:

Диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) на правни студии или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС;

Најмалку две години работно искуство во канцелариско работење и/или работа на проекти

Познавање на англиски јазик;

Познавање на работа со Microsoft Office

Напредни организациски и комуникциски вештини

Развиено чувство за работа со маргинализирани заедници.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 22-ри септември 2017 до 17:00 часот.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најквалификуваните кандидат/ки ќе бидат повикани на тестирање. Тестирањето ќе се одвива по електронски пат. Кандидатите со најдобри резултати на тестирањето ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.

Договор за вработување :

Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време за 9 месеци. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи. За работното место е предвидена нето плата од 30.000,00 денари месечно. Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83, Скопје.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo