Corner Соопштенија

Повик за членство во Младинска група! 21 Август 2017

 Хелсиншкиот комитет за човекови права објавува повик за пријавување на членови на Младинската група. Работата и организацијата на Младинската група е предвидена во Правилникот за работа и организација.

Целта на активирањето на младинската група е на младите луѓе да им се обезбеди пристап до информации и едукативни содржини за почитувањето, промоцијата и заштитата на човековите права и слободи на сите луѓе. Истовремено, на младите луѓе да им се даде можност да се запознаат и активно да се вклучат во општествените проблеми и случувања поврзани со човековите права и слободи.

Ги повикуваме сите млади луѓе, на возраст помеѓу 16 и 26 години, кои се заинтересирани да се вклучат во работата на Младинската група, да се пријават на повикот со испраќање на кратка лична биографија и мотивациско писмо на следната електронска пошта mladinskagrupa@mhc.org.mk , најдоцна до 11.09.2017 година. 

За дополнителни прашања поврзани со повикот може да се обратите во канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на телефонскиот број 02/3119 073. 


Овој повик е објавен со поддршка на програмата Civica Mobilitas. Неговата содржина ги одразува единствено ставовите на Хелсиншкиот комитет за човекови права и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo