Corner Соопштенија

Претседателот на Меѓународната федерација за човекови права (FIDH) во посета на Хелсиншкиот комитет за човекови права 26 Јули 2017

Денеска во посета на Република Македонија беше г. Димитрис Христопулос, актуелен претседател на Меѓународниот борд на Меѓународната федерација за човекови права (FIDH) со седиште во Париз, којашто обединува вкупно 184 организации од 112 земји.

Во тие рамки, во просториите на Хелсиншкиот комитет за човекови права г. Христопулос оствари средба со претставниците на повеќе невладини организации од земјава заради запознавање и разгледување на можностите за нивна идна заедничка соработка со Меѓународната федерација за човекови права (FIDH).

Со долга традиција, почнувајќи уште од 1922 година, FIDH е најстарата организација за човекови права која континуирано ги следи состојбите со човековите права ширум светот и ги повикува државите да усвојуваат политики кои се на линија на почитување на човековите права, но истовремено е активно вклучена во гонење на сторителите на повреди на човековите права како и во поддршка на жртвите во соодветните правни постапки.

Повеќе информации за активностите на оваа организација можете да најдете на следниов линк https://www.fidh.org/en

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo