Corner Соопштенија

ПРЕС: Европски ден на жртвите од криминал од омраза 21 Јули 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права има чест да Ве покани на прес-конференција која ќе се одржи на 24 јули 2017 г. (понеделник) од 11:00 часот во просториите на Комитетот (ул. Наум Наумовски Борче бр. 83, Скопје). Прес-конференцијата е посветена на 22 јули, предложен за „Европски ден на жртвите од криминал од омраза“ од страна на Советот на Европа.

Преку тековниот проект „Овозможување на ефективен одговор против криминалот од омраза и говорот на омраза“, поддржан од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје од 2013 г. до денес, Хелсиншкиот комитет евидентираше 349 инциденти сторени поради омраза. Сите инциденти можат да се видат на нашиот интерактивен веб портал за регистрирање на инцидентите - www.zlostorstvaodomraza.mk.  

За време на прес-конференцијата ќе биде презентиран Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2016 година (70 инциденти). Дополнително, ќе биде даден преглед на инцидентите што продолжуваат и во 2017 година (34 инциденти), со особен осврт на делата од омраза сторени поради етничка припадност и политичкo уверување, како и одговорот на државата против криминалот од омраза преку Министерството за внатрешни работи, јавните обвинителства и судовите. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo