Corner Соопштенија

Инфографик за состојбата со работничките права во текстилната индустрија 06 Јули 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Фондацијата Отворено општество-Македонија го спроведува проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување“. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на инфографици кои имаат за цел да ја информираат јавноста за состојбата со работничките права во текстилната индустрија, пријавени случаи на прекршувања, поведени постапки пред надлежен инспекторат и суд и утврдени прекршувања. Првиот инфографик е за месеците март и април 2017 година. Инфографикот можете да го преземете на следниов линк.   

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo