Corner Соопштенија

Повик за пријавување за изработка на електронска база на податоци 30 Јуни 2017

Oпшти информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот “Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување” објавува повик за изработка на електронска база за внесување на податоци за пријавени прекршувања на права и преземени мерки за заштита.

Целта на проектот е правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување, заради подобрување на нивниот социјален и општествен статус и покренување на свесноста кај текстилните работнички за нивните граѓански, социјални и работнички права и мехнизмите за нивна заштита.

Насоки за креирање на електронска база на податоци

Електронската база на податоци треба да послужи за регистрирање на сите случаи на прекршување на правата и преземени мерки за заштита на правата. Податоците во електронската база е потребно да се внесуваат електронски со пополнување на однапред дефинирани категории или со одбирање на категорија од неколку понудени опции, он лајн преку различни компјутерски уреди со креирање на кориснички профили.  Електронската база треба да овозможи:

• Дефинирање на нова структура на податок во базата, бришење на структурата на податок и менување на веќе посточка структура на податок.

• Ажурирање, внесување, менување и бришење на податоци.

• Филтрирање на податоци по една и повеќе категории.

• Администрација, регистрирање и надгледување на корисници, безбедност на податоците, надгледување на перформансите на базата, враќање на податоци ако падне системот.

Начин на пријавување и избор

Кандидатите на овој повик може да се пријавуваат како индивидуалци или како тим. За пријавување кандидатите треба да достават:

- Концептуален предлог проект за база на податоци, 

- Професионална биографија со вклучени претходни проекти (портфолио) од која може да се види претходното искуство во изработка на електронски бази на податоци.

За изработка на електронската база на податоци Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе му надомести на изработувачот бруто износ од 2.400,00 долари во денарска противвредност, сметано по курсот во месецот на исплата на средствата од страна на донаторот.

Спроведувањена активностите

Временска рамка:

7 јули 2017 година  -  Избор на кандидатите и потпишување на договорите.

7 јули 2017 година - 23 јули 2017 година - Изработка електронската база на податоци

26 јули 2017 -   Презентирање на финалната електронска база на податоци на тимот на Хелсиншкиот комитет за човекови права

Документите за пријавување ве молиме да ги доставите на е-маил адресата helkom@mhc.org.mk со назнака “За изработка на електронска база на податоци”,  најдоцна до 07.07.2017 година. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса, како и телефонскиот број  02/3119-073. 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_banerzlostorstva_od_omraza_baner Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo